Skip links

Категории на членство

Членувањето во Националниот комитет на ИКОМОС Македонија може да биде: индивидуално, институционално, поддржувачко и почесно.

  • Индивидуален член може да биде секој граѓанин кој професионално е вклучен непосредно или посредно во заштитата и конзервацијата на недвижното културно наследство.
  • Поткатегорија Индивидуален член помлад од 30 години е поткатегорија во рамките на  индивидуалното членство, со истите критериуми за членство и права како и индивидуалните  членови. Во оваа поткатегорија се вклучени студенти, лица во рана фаза на професионален развој во заштитата и конзервацијата на недвижното културно наследство. 
  • Институционален член може да биде секоја институција (организација – правно лице) која во својата дејност има непосредно или посредно извршување на активности поврзани со конзервацијата, заштитата, реставрацијата, одржувањето, ревитализацијата и презентацијата на недвижното културно наследство – спомениците, групите градби и локалитети на локално, национално и меѓународно ниво.
  • Поддржувачки член (поединец) може да биде секој граѓанин кој не е професионално, директно или индиректно, поврзан со заштитата и конзервацијата на културното наследство, но има изразено интерес за подобро запознавање, негување и поддршка на недвижното културно наследство на локално, национално и меѓународно ниво. 
  • Поддржувачки член (правно лице) може да биде секоја организација впишана во Централниот регистар на Р.С.Македонија, која изразува подготвеност материјално и финансиски да ја поддржи активноста на Комитетот во заштитата и конзервацијата на недвижното културно наследство на локално, национално и меѓународно ниво. 
  • Почесен член може да биде секој поединец кој има посебни заслуги за заштитата на недвижното културно наследство во Македонија или постигнати исклучителни резултати и придонес во развојот на заштитата на културното наследство во пошироки размери.