Skip links

Стани член

Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИКОМОС во Македонија, Скопје (ИКОМОС Македонија) е здружение на граѓани основано во 1994 година врз основа на Законот за здруженија и фондации. Неговите основни цели се унапредување на заштитата, конзервацијата, ревитализацијата и поттикнување на интересот за недвижното културно наследство во Македонија.

Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИКОМОС Македонија е член на Меѓународниот комитет на ИКОМОС кој е најголемата глобална професионална невладина организација во сферата на заштитата на културното наследство и во чиј фокус на интерес е унапредувањето на теоријата, методологијата и научните техники за конзервација на архитектонското и археолошкото наследство.

Според  членувањето во ИКОМОС Македонија е доброволно, непартиско, невладино, стручно и непрофитно. Сите членови на ИКОМОС Македонија учествуваат во остварувањето на целите и задачите на Комитетот и делуваат во насока на унапредување на неговата дејност и углед на национално и меѓународно ниво.

Членовите на ИКОМОС стануваат дел од меѓународна професионална мрежа и можат да учествуваат на стручни состаноци, професионални работилници, научни размени, теренски активности, работни групи и програми за обуки низ целиот свет.

Други придобивки од членството вклучуваат:

  • Право на присуство на Генералните собранија на ИКОМОС, вклучително и тригодишното Генерално собрание, заедно со нивните научни симпозиуми;
  • Можност за приклучување и учество во Меѓународните научни комитети на ИКОМОС;
  • Можност за учество во локалните активности на Националниот комитет на ИКОМОС Македонија;
  • Бесплатен пристап до е-вестите на ИКОМОС и Центарот за документација на ИКОМОС;
  • Намалени цени за публикациите на ИКОМОС;
  • Можност за учество во дејноста на ИКОМОС за светско наследство преку ревизии на номинации и експертски мисии;
  • Бесплатен или намален влез во многу споменици, локалитети и музеи ширум светот со ИКОМОС картичката.

Секое лице кое е заинтересирано да се стане член на ИКОМОС Македонија (или да го продолжи своето членство) ја пополнува оваа Пристапница (Барање за членство). Исполнувањето на критериумите за членство одредени со Статутот на Здружението, го разгледува посебна Работна група во рамките на ИКОМОС Македонија која одлучува за прифаќање или неприфаќање на барањето за членство. Секој барател ќе биде известен по електронска пошта за статусот на неговото/нејзиното барање.

Доколку Барањето за членство е одобрено, на барателот ќе му се достават информации за начинот на уплата на годишната членарина во ИКОМОС Македонија.

  1. Годишната членарина за индивидуален член изнесува 1.200 денари;
  2. Годишната членарина за поткатегоријата индивидуален член помлад од 30 години изнесува 700 денари;
  3. Годишната членарина за поддржувачки член изнесува 3.000 денари;

Доколку барањето за членство е одбиено, барателот може да поднесе приговор до ИКОМОС Македонија, а доколку дојде до повторно одбивање на барањето, приговор може да се поднесе до Меѓународниот комитет на ИКОМОС.

Доколку сакате да станете член тоа можете лесно да го направите со пополнување на електронска Пристапница (Барање за зачленување) која можете да ја пополните тука.