Здружувањето на граѓаните во Националниот комитет на ИКОМОС Македонија е доброволно, непартиско,невладино, стручно и непрофитно, со цел – унапредување на конзервацијата, заштитата, ревитализацијата и поттикнувањето на интересот за спомениците и и локалитетите нанационална и меѓународна основа. ИКОМОС Македонија претставува форум за дискусија и размена на информации за принципите, техничките, правните и администртивно-управните аспекти на заштитата, конзервацијата, реставрацијата и истакнувањето на вредностите на културното наследство.
Основни цели на Комитетот се унапредување на заштитата, конзервацијата и ревитализацијата на спомениците и локалитетите и поттикување на интересот за нивен поквалитетен третман, како и подигање на свеста на јавноста за нивните вредности, значење и опасностите на кои се изложени.