Работната група на професионалци во подем (РГПП), за прв пат беше формирана во рамките на Генералното собрание на ИКОМОС во Њу Делхи во 2017 година како резултат на колективната заложба на младите професионалци да бидат интегрирани во сите активности на ИКОМОС, со цел пренесување на научните сознанија и етичките начела на ИКОМОС на идните генерации, како и овозможување меѓугенерациска соработка за обезбедување континуитет на организацијата.
Следејќи ги насоките на Меѓународниот ИКОМОС за формирање на Работна група на професионалци во подем во рамки на националните комитети на 28 февруари 2020 година, беше формирана Работната група на професионалци во подем како дел од ИКОМОС Македонија, наменета за студенти и за млади професионалци во рана фаза на кариерен развој.
Координатор на Работната група на професионални во подем во ИКОМОС Македонија е Мартин Ефремовски.