Skip links

Македонскиот Национален комитет на ИКОМОС е еден од добитниците на грант во рамките на ЕУ проектот „European Heritage hub“

МНК ИКОМОС аплицираше со проектот  „Мониторинг на модернистичкото културно наследство”, кој ќе се фокусира на мапирање, анализа на состојбата и формирање на дигитален инвентар/база на податоци за исклучителните примери на модернистичкото наследство во нашата земја. Проектот предвидува квантитативно и квалитативно мапирање на објектите и нивна валоризација и интегритет. Дополнително, ќе се направи брза проценка на нивната тековна состојба. Овој проект ќе биде прв обид од овој вид кој ќе се спроведе во Македонија, а со цел да има за цел  се документира опсегот на модернистичкото архитектонско наследство и неговата состојба на конзервација.

Основната активност на проектот ќе биде теренскиот мониторинг на околу 100 модернистички објекти низ земјата, со помош на два тима со по четири членови. Секој тим ќе се состои од експерти на ИКОМОС и МАРХ (конзерваторски експерти, градежни инженери и историчари). Тимовите ќе мапираат модернистички објекти со  историска и културна вредност. Работата ќе се извршува со пополнување на работни листови, фотографирање, GPS мерења на терен, како и канцелариска работа за комплетирање на дигиталната база.

На теренската работа ќе и претходи истражувачка студија, која ќе се состои од собирање информации од националните регистри на наведеното културно наследство, библиографско истражување, создавање мапи за предвидените активности и сеопфатен идентификатор за снимање и документирање. Собраните стандардизирани информации ќе бидат регистрирани во специјално креирана онлајн база на податоци.

Проектот ќе биде реализиран во соработка со Здружението за архитектура МАРХ – Македонска архитектура.

European Heritage Hub одвои приближно 250.000 евра за 14 проекти за културно наследство предводени од граѓански организации во соседните земји на ЕУ во рамките на нејзината програма за мали грантови.. Оваа програма е насочена кон зајакнување на капацитетите за одговор на зелената, дигиталната и социјалната трансформација во Европа, како и поттикнување мир, стабилност и помирување.

На повикот беа пријавени повеќе од 600 проекти, што ја одразува императивната потреба за зголемена поддршка во овие региони. На следниов линк можете да се информирате за избраните проекти

👉 https://www.europeanheritageub.eu/european-heritage-hub-announces-grants-to-14-heritage-projects-in-eu-neighbouring-countries-and-calls-for-increased-funding/

Оваа програма е поддржана од Фондацијата ALIPH како придружен партнер на European Heritage Hub, пилот проект кофинансиран од ЕУ.