Skip links

Се одржа 53. седница на Собранието на МНК ИКОМОС

На 11 февруари 2026 год., во Порта Македонија, се одржа 53. седница на Собранието на Македонскиот национален комитет на ИКОМОС. Седницата ја водеше претседателката на МНК ИКОМОС, Кристина Бицева, која детално ги презентираше и елаборираше точките од дневниот ред.

На седницата, од страна на членовите на Комитетот беа разгледани и усвоени годишните извештаи за работа на МНК ИКОМОС и на неговата Работна група на професионалци во подем за 2025 год. координирана од Иван Малезанов.

По дискусијата за тековните состојби во заштитата на културното наследство во Македонија, членката на Извршниот одбор, Валентина Илијевска го презентираше своето истражување „Архитектонските дами од Дебар“.