2024. Годишно генерално собрание / Сесии на Советодавниот комитет / Научен симпозиум на ИКОМОС
Од 11 до 15 ноември ноември 2024 год. во Уро Прето, Бразил (и хибридно – виртуелно), се одржа Годишното генерално собрание на ИКОМОС, заедно со сесиите на Советодавниот комитет и Годишниот научен симпозиум.
За време на сесиите на Советодавниот комитет се разгледуваа и усвојуваа извештаите и препораките на телата на ИКОМОС (Извршниот одбор, офицерите на Научниот совет, Офицерот за национални комитети, Генералниот секретар и Меѓународниот секретаријат на ИКОМОС), како и извештаите за напредокот на работните програми и групи.
Од страна на Генералното собрание беше усвоена и новата ИКОМОС повелба и водич за локалитети со нематеријално културно наследство, изготвена од Меѓународниот научен комитет за нематеријално културно наследство на ИКОМОС.
Централна тема на овогодинешниот Научен симпозиум на ИКОМОС беше „Навраќање кон Венцијанската повелба – критички перспективи и современи предизвици“, одбележувајќи го на овој начин и јубилејот од 60.годишнината од усвојувањето на оваа повелба, која претставува основа за формирањето на ИКОМОС.
Венецијанската повелба останува основачки историски документ за ИКОМОС, вкоренет во специфичен контекст и обликуван од концептите за наследство од неговото време. Шеесет години подоцна, практиката и доктрината еволуираа, беа воспоставени нови културни конвенции и научната работа и капацитетот на ИКОМОС фундаментално се променија. Во исто време, светот се соочува со голем предизвик предизвикан од климатските промени, катастрофи и конфликти, поттикнувајќи големи раселувања на заедниците. Па така, примарниот фокус на Симпозиумот беше критичка дискусија за Венецијанската повелба земајќи ја предвид моменталната состојба на дискурсот околу наследството и вкрстениот пристап помеѓу поновите конвенции и прагматичните потреби на практиката денес, преку пет клучни подтеми: Историски контекст и концепти за наследство; Вкрстување на конвенциите; Универзализам и разноличност: препрочитување на доктринарните документи од различни перспективи; Современи предизвици во дискурсот за наследството и Наследство отпорно на катастрофи и конфликти.
Во текот на ова Годишно собрание, ИКОМОС го лансираше и својот нов тригодишен научен план „Наследство отпорно на катастрофи и конфликти: подготвеност, одговор и закрепнување“
Како претставници на МНК ИКОМОС, на оваа серија настани во Уро Орето, Бразил, присуствуваа Кристина Бицева, Претседател на Националниот комитет и членката Алесандра Маседонио де Карваљо.