Skip links

Се одржа 45. седница на Собранието на ИКОМОС Македонија

На 28 февруари 2022г., се одржа 45. седница на Собранието на Националниот комитет ИКОМОС Македонија. Седницата ја водеше претседателката на собранието, Ирена Колиштрковска Настеска, додека точките од дневниот ред беа презентирани и елаборирани од страна на претседателката на Комитетот, Кристина Бицева. 

Помеѓу точките на дневниот ред, од страна на членовите на Комитетот беа разгледувани и усвоени годишните извештаи за работа за 2021г., новиот Статут на здружението заедно со новите деловници за работа на телата на Комитетот, а беше усвоена и годишната програма за работа за 2022г. 

Сите усвоени документи, набрзо ќе бидат достапни на веб-страната на националниот комитет.