Skip links

50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО: Меѓународни стандарди во национален контекст

По повод 50-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО (Конвенција за светско наследство), Националниот комитет на ИКОМОС Македонија на 17 ноември 2022 год. ќе организира Форум на тема ,,50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО: Меѓународни стандарди во национален контекст“. Настанот се организира со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а ќе се одржи со физичко присуство во Europe House – Скопје и виртуелно преку платформата ZOOM.

ИКОМОС Македонија, како дел од Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОМОС, е советодавно тело на УНЕСКО токму за спроведувањето на оваа Конвенција и во оваа насока се приклучува кон одбележувањето на нејзиниот 50-годишен јубилеј, поставувајќи сет прашања за дискусија и дебата: со какви предизвици се соочуваме при имплементација на домашната и меѓународната легислатива кога станува збор за зачувување на културното и природното наследство кое е од глобална важност и дали располагаме со потребните ресурси и капацитети за да се справиме со овој предизвик?

Овие теми ќе бидат во фокусот на Форумот ,,50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО: Меѓународни стандарди во национален контекст“, на кој ќе гостуваат стручни лица и меѓународни експерти од надлежните државни и меѓународни институции/организации, а кои ќе говорат за заштитата и управувањето со светското наследство на национално и меѓународно ниво, како и за состојбата со имплементацијата на оваа Конвенција во нашата земја.

Регистрацијата е затворена. Ве информираме дека Форумот ќе се емитува во живо на нашиот YouTube канал: https://bit.ly/3Gml0ge

Програмата на Форумот е достапна на овој линк.

Датум: 17 ноември 2022 год.

Час: 11:00 ч.

Место: Europe House – Скопје | ZOOM (хибриден настан)

50 Years of the UNESCO World Heritage Convention: International Standards in a National Context

On the occasion of the 50th anniversary of the adoption of the UNESCO Convention for the Protection of World Cultural and Natural Heritage (World Heritage Convention), the National Committee of ICOMOS Macedonia on November 17, 2022, organizes the Forum, “50 years of the UNESCO World Heritage Convention: International Standards in a National Context”. The event is being organized with financial support from the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and will be held at Europe House – Skopje and virtually via the ZOOM platform.

ICOMOS Macedonia, as part of the International Council for Monuments and Sites – ICOMOS which is an advisory body of UNESCO precisely for the implementation of this Convention, in this regard, joins the global celebration of its 50th anniversary, by raising a set of questions for discussion and debate: what challenges do we face in the implementation of national and international legislation when it comes to the preservation of cultural and natural heritage that is of global importance and do we have the necessary resources and capacities to meet this challenge?

These topics will be the focus of the Forum “50 years of the UNESCO World Heritage Convention: International Standards in a National Context”, which will be attended by professionals and international experts from competent state and international institutions/organizations, discussing the protection and management of World Heritage at a national and international level, as well as the implementation of this Convention in our country.

Registration is now closed. We wish to inform you that the Forum will be broadcast live on our YouTube channel: https://bit.ly/3Gml0ge

The Forum’s Programme is available at this link.

Date: November 17, 2022

Time: 11:00 a.m.

Place: Europe House – Skopje | ZOOM (hybrid event)