Се одржа 49. седница на Собранието на ИКОМОС Македонија
На 21 февруари 2024 год., во Музејот на македонската борба во Скопје, се одржа 49. седница на Собранието на Националниот комитет ИКОМОС Македонија. Седницата водеше ја претседателката на ИКОМОС Македонија, Кристина Бицева, која детално ги презентираше и елаборираше точките од дневниот ред.
На седницата, од страна на членовите на Комитетот беа разгледани и усвоени годишните извештаи за работа на ИКОМОС Македонија и на неговата Работна група на професионалци во подем за 2023 год. Исто така беше усвоена одлука со која се прават измени и дополнувања на Статутот на ИКОМОС Македонија.
На оваа седница се одржаа и избори за избор на носители на функции во телата на ИКОМОС Македонија со мандат 2024-2027 година, со следниве резултати:
- Претседател на ИКОМОС МК: Кристина Бицева
- Потпретседател на ИКОМОС МК: Вероника Шендова
- Генерален секретар на ИКОМОС МК: Никола Трајковски
Членови на Извршниот одбор на ИКОМОС МК:
- Ана Алексова Тутковска
- Мартин Ефремовски
- Валентина Илијевска Деолски
- Сузана Касовска Георгиева
- Цветанка Хаџи Пецова
- Благојче Цветковски
Членови на Надзорниот одбор на ИКОМОС МК:
- Константин Анастасов
- Милка Кировска
- Игор Кузмановски