Skip links

Повик за доставување кандидатури за избор на членови на телата и носители на функции во ИКОМОС Македонија

Бр.02-0201/1-2 

21.01.2024 год. 

Почитувани членови на ИКОМОС Македонија, 

Врз основа на членовите  12, 24, 25, 27, 30, 31 и 32 од Статутот на ИКОМОС Македонија и Правилникот за спроведување на избори на носители на функции, како и врз основа на Одлуката на Извршниот одбор за распишување Избори за Претседател, Потпретседател, Генерален секретар, (6) членови на Извршен одбор и (3) членови на Надзорен одбор на ИКОМОС Македонија со мандат 2024-2027 година (бр.02-0201/1-1 од 18.01.2024 год.) и Одлуката на Извршниот одбор за формирање Изборна комисија за спроведување Избори за Претседател, Потпретседател, Генерален секретар, (6) членови на Извршен одбор и (3) членови на Надзорен одбор на ИКОМОС Македонија со мандат 2024-2027 година (бр.02-0201/2-1 од 18.01.2024 год.), во својство на Претседател на Изборната комисија, ви упатувам 

ПОВИК 

за доставување кандидатури за следниве позиции со мандат од (3) години (2024-2027 год.), во согласност со Статутот на Здружението: 

  • Претседател на ИКОМОС Македонија 
  • Потпретседател на ИКОМОС Македонија 
  • Генерален секретар на ИКОМОС Македонија 
  • (6) членови на Извршниот одбор на ИКОМОС Македонија и
  • (3) членови на Надзорниот одбор на ИКОМОС Македонија. 

Секој заинтересиран кандидат треба да достави:

– Изјава за кандидатура;

– Професионална биографија (CV) на македонски јазик и

– Најмалку (2) писма за поддршка (препораки) од други индивидуални и/или институционални членови на ИКОМОС Македонија.

Дополнително кон оваа документација, кандидатот за Претседател на комитетот треба да достави и предлог тригодишна програма за работа на Комитетот.

Еден кандидат има право да достави своја кандидатура за најмногу две (2) позиции (функции) во Комитетот, истакнувајќи го својот приоритет, но ќе може да биде избран само за една (1) позиција (функција) во Комитетот.

Документите за кандидатурата треба да се достават најдоцна до 12:00 часот на 9 февруари 2024 год. во електронска форма до Секретаријатот на ИКОМОС Македонија: macedonia@icomos.org и до Претседателот на Изборната комисија Зоран Таневски на: zorantan@gmail.com. 

Листата на кандидати за изборите ќе биде доставена до членството по нејзиното заклучување, а најдоцна до 14 февруари 2024 год. 

Гласањето ќе се одвива со физичко присуство во рамките на 48. Годишно собрание на ИКОМОС Македонијакое ќе се одржи на 21 февруари 2024 год. во Музејот на македонската борба во Скопје, со почеток од 16:00 часот. Дневниот ред и материјалите за другите точки во рамките на оваа седница, ќе ви бидат дополнително и навремено доставени, во согласност со Деловникот за работа на Собранието на ИКОМОС Македонија.

Овој повик е објавен и на веб сајтот на ИКОМОС Македонија – https://macedonia.icomos.org/

 

НАПОМЕНА: Врз основа на член 12 од Статутот на ИКОМОС Македонија, право да бидат избрани во органите и телата на ИКОМОС Македонија имаат само индивидуалните членови и институционалните членови (преку нивни претставници), а не и поддржувачките и почесните членови.

 

Со почит,

Зоран Таневски 

Претседател на Изборна комисија 

zorantan@gmail.com