Skip links

Избори

Почитувани,
Ве информираме дека на 6 јули 2021 година на 42/43.Седница на Собранието на Националниот комитет ИКОМОС Македонија, се одржаа Избори за следните позиции: Претседател, Потпретседател, Генерален секретар и 1 член на Надзорен одбор на ИКОМОС Мaкедонија. Од пријавените кандидати, за наведените позиции беа избрани следните членови:
За Претседател на ИКОМОС Македонија е избрана: м-р Кристина Бицева
За Потпретседател: д-р Вероника Шендова
За Генерален секретар: Никола Трајковски и
за член на Надзорен одбор: м-р Цветанка Хаџи Пецова.

Честитки и успех во работата им посакува целото членство на ИКОМОС Македонија!